Tuesday, December 15, 2015

Македонија е поделена на три лозарски реони и тоа:
1) Пчинско - осоговски реон
2) Пелагониско - полошки
3) Повардарски реон.
Овие гореспомеанити реони, се поделени на 16 виногорија.
Сите три реони се карактеризираат со специвично климатско - почвени услови, кои се предуслов за сортиментот на при подигање на лозови насади.
Генерално во повардарскиот регион (каде што спаѓа и Струмица ) климатско - почвени услови се погодни за одгледување на трпрзни сорти и сорти за одгледување на црвено вино, додека принско осоговскиот, и пелагониско - полошкиот реон за одгледување сорти за производство на бели вина. Производството во лизарските реони и виногорја е со различен интензитет. Тиквешкото виногорје е  главен произведител на винско грозје и вино во Македонија.По него, следат гевгелиско - валандовско виногорје, скопското виногорје, велешкото виногорје, и Струмичко - радовишкото виногорје.
Во 2007 било одгледувано земја од 21,312 ha , за разлика од 1997 кога било намалено за 24%, во 1997 било земја лозје 27,077 хектари.
За добивање на вино се садат сорти за бело вино и сорти за црвено вино. Од белите вина најзастапени сe: Смедеревката, Шардоне, Жилавка, Италјански ризлинг, Рајнски ризлинг, Белан и др. За Црно вино најзастапени се: Вранац, Каберне, Мерло, Совињон, Црн бургундец .
Од трпезните сорти најзастапени се: Афус али, Кардинал, Хамбург мускат, Бело зимско.
Во 1997 се произведени во Македонија 258,360 тони грозје, додека во 2007 паднало на 209,701.
За успешно и стабилно лозарство и винарство во иднина, неопходно е да се изврши климатско зонирање и правилен распоред на сортите според лозарските едини. Потребно е воведување инфицирани системи на одгледување и интинзитивен индустриски карактер на прозводството. Посебно внимание да се посвети на зголемуваањето на површините за трпезно грозје, со воведување стандарди за квалитет и центри за пакување.
Лозарство во Македонија
Лозарството представува проучување, производство и изучување на самата винова лоза и на грозјето како главен плод.
Во македонија лозарството ( виновата лоза ) започнала да се одгледува да се одгледува под доминација на средоземноморските цивилизации, а најголемо влијание имала Римскота империја. Во византискиот период  ( до VII век ), и во времето на словенската доминација, традицијата за одгледување на виновата лоза продолжува. За време на Турската империја  (од XIV до XX век ), лозарството и винарството во Република Македонија доживува стагнација и промена на сортиментот. Во ова време под влијание на исламската религија најмногу се биле одледувани трпезните сорти.
На почетокот на XX век, виновата лоза е застапена на пвршина од 30,000 ha во Македонија, која до 1914 година целосно е уништена од филоксерата.
Следува обнова на лозарството и тренд на пораст на површините под винова лоза, при што максимумот бил достигнат во 1981 година, кога биле регистрирани 38,759 ha.
Успешноста на Лозарството и Винарството пред се е условена од постоењето на поволни агроеколошки услови, а тие во Република Македонија се баш токму такви и овозможуваат непречено и квалитетно одгледување голем број сорти,како трпезни така и вински.
Многу е важно за лозарството, таму каде што ќе се одгледува каков климатски тип има,во Македонија климатстиот тип се формира под влијание на медитеранската, континенталната и локалната планинска клима. Континенталната клима своето влијание го манифестира низ течението на реката Вардар, се до Мемир Капија и реката Струмица, односно Струмичкото поле Влијанието на изменетата Медитеранска клима се чувствува низ целата должина низ реката Вардар па се до Скопје, до север. Високите планински масиви на запад претставуваат природна пречка која го оневозможува влијанието на топлите струи од Јадранското море и покрај неговата непосредна блискост.  Континенталната клима е карактеристична за западна и источна  Македонија, додека изменетата медитеранска клима започнува да влијае од крајниот југ ( Гевгелија и Струмица ), па се до централниот дел ( Велес ), со што ги опфаќа површините на повардарскиот реон.
Универзитет Гоце Делчев