Tuesday, December 15, 2015

Лозарство во Македонија
Лозарството представува проучување, производство и изучување на самата винова лоза и на грозјето како главен плод.
Во македонија лозарството ( виновата лоза ) започнала да се одгледува да се одгледува под доминација на средоземноморските цивилизации, а најголемо влијание имала Римскота империја. Во византискиот период  ( до VII век ), и во времето на словенската доминација, традицијата за одгледување на виновата лоза продолжува. За време на Турската империја  (од XIV до XX век ), лозарството и винарството во Република Македонија доживува стагнација и промена на сортиментот. Во ова време под влијание на исламската религија најмногу се биле одледувани трпезните сорти.
На почетокот на XX век, виновата лоза е застапена на пвршина од 30,000 ha во Македонија, која до 1914 година целосно е уништена од филоксерата.
Следува обнова на лозарството и тренд на пораст на површините под винова лоза, при што максимумот бил достигнат во 1981 година, кога биле регистрирани 38,759 ha.
Успешноста на Лозарството и Винарството пред се е условена од постоењето на поволни агроеколошки услови, а тие во Република Македонија се баш токму такви и овозможуваат непречено и квалитетно одгледување голем број сорти,како трпезни така и вински.
Многу е важно за лозарството, таму каде што ќе се одгледува каков климатски тип има,во Македонија климатстиот тип се формира под влијание на медитеранската, континенталната и локалната планинска клима. Континенталната клима своето влијание го манифестира низ течението на реката Вардар, се до Мемир Капија и реката Струмица, односно Струмичкото поле Влијанието на изменетата Медитеранска клима се чувствува низ целата должина низ реката Вардар па се до Скопје, до север. Високите планински масиви на запад претставуваат природна пречка која го оневозможува влијанието на топлите струи од Јадранското море и покрај неговата непосредна блискост.  Континенталната клима е карактеристична за западна и источна  Македонија, додека изменетата медитеранска клима започнува да влијае од крајниот југ ( Гевгелија и Струмица ), па се до централниот дел ( Велес ), со што ги опфаќа површините на повардарскиот реон.
Универзитет Гоце Делчев

No comments:

Post a Comment